ВМРО-ДПМНЕ: Народот нема за леб, а владата набавува октоподи

23.09.2022
Vesnik.com
ВМРО-ДПМНЕ: Народот нема за леб, а владата набавува октоподи

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека лицемерната влада бара од граѓание да штедат, а тие аздисуваат со набавки на морски плодови.

-Службата за општи и заеднички работи при Владата среде криза ќе потроши над 20 илјади евра за морска храна. Ова е спротивно на најавите кои ги имаа во влада дека ќе ги редуцираат луксузирањата. Да потсетиме дека милиони од народните пари беа потрошени среде криза за режано цвеќе, кафиња, набавки на службени возила, миење на службени возила, витрини, позлатени чинии, вилишки, лажици и ножеви. Самата власт призна дека иако знаеле за кризата во буџетот предвиделе 100 милиони евра непродукивни трошења, се наведува во соопштението на партијата.

Клептоманите на власт, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, предводени од дезертерот Ковачевски може имаат ужасно ниска реализација на капитални инвестиции, ама затоа се махери за луксузирање.

-Оттука македонската економија пропаѓа, а народот тоне во сиромаштија. Ги имаме убедливо најлошите параметри на Балканот, најниска стапка на странски инвестиции, најниска стапка на раст на БДП, највисока инфлација, половина милион граѓани во сиромаштија и рекорден износ на задолжување. Но Владата мува не ја лази што народот нема за леб, штом СОЗР набавува октоподи за министрите, стои во партиското соопштение.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата

;