Скопјанец му ја земал личната карта на пријател, па си подигал пари од банка

22.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скопјанец му ја земал личната карта на пријател, па си подигал пари од банка
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Д.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци”.
Имено, пријавениот неовластено задржал лична карта на негов пријател и искористувајќи ја физичката сличност со него и претставувајќи се во негово име, на шалтер во филијала на банка во општина Бутел од неговата трансакциска сметка подигнал 50.000 денари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата