Естонија ЈА ЗАТВОРИ ГРАНИЦАТА за Русите кои бегаат од мобилизација – Треба да се борат против војна, а не да бегаат

22.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Естонија ЈА ЗАТВОРИ ГРАНИЦАТА за Русите кои бегаат од мобилизација – Треба да се борат против војна, а не да бегаат

Секој граѓанин е одговорен за постапките на својата земја, а тоа важи и за граѓаните на Русија, изјави естонската премиерка Каја Калас.

Естонија нема намера да им даде засолниште на Русите кои сакаат да избегнат делумна мобилизација и им предлага да се вклучат во антивоени активности во нивната земја, изјави премиерката Каја Калас.

– Овде прифаќаме украински бегалци од војната. Секој граѓанин е одговорен за постапките на својата земја, а тоа важи и за граѓаните на Русија, затоа не даваме никакво засолниште. Ова не е причина да им се даде засолниште на Русите кои бегаат од земјата. Треба да излезат и да кажат дека се против таа војна – изјави Калас за Си-Ен-Ен.

Естонија, заедно со соседите во балтичкиот регион, претходно ги затвори своите граници за Русите.

Претходно, во своето обраќање до нацијата, претседателот на Русија, Владимир Путин, најави делумна мобилизација.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата