До сабота ЛОШО ВРЕМЕ, после пак СОНЦЕ

22.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
До сабота ЛОШО ВРЕМЕ, после пак СОНЦЕ

Во следните денови утрата ќе бидат студени, а од сабота дневната температура ќе биде во значителен пораст. Утре ќе има услови за слаб локален дожд.

Како што информира УХМР, од вторник ќе има дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Во следните денови минималната температура ќе се движи од минус еден до 12 степени, а максималната од 17 до 27 степени

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата