Приведена кумановка, фатена додека КРАДЕ пари од каса во маркет

22.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Приведена кумановка, фатена додека КРАДЕ пари од каса во маркет

Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа во 19:30 часот, ја лишиле од слобода кумановката Е.П.(41).

-Таа била фатена на дело при одземање пари од каса во маркет на ул.„АВНОЈ“ во Куманово. Одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Е.П. била приведена и задржана во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата