Водечките производители на паметни телефони главно користат процесори кои се базираат на дизајните на ARM чиповите. Стратегијата на овој бренд е да ги лиценцира своите технологии на други компании, овозможувајќи развој на модифицирани архитектури за различни уреди. Овој бизнис модел им овозможува на производителите да бидат што е можно повеќе флексибилни, но ги прави зависни од АРМ. Некои од најголемите имиња во индустријата инвестираат во алтернативно решение, пренесува Digital.bg

Така, Qualcomm, Samsung и Intel се согласија да инвестираат 65,4 милиони долари за финансирање на компанијата SiFive. Интересот на технолошките гиганти не е случаен, бидејќи специјалистите од SiFive развиваат атрактивна технологија со отворен код, наречена “RISC-V”. Благодарение на оваа иновација, можно е значително да се скрати времето за производство на процесори за паметни телефони и други мобилни уреди, информира AndroidAuthority.

Интелектуалната сопственост на SiFive овозможува производство на процесори за мобилни уреди во период од еден до три месеци. За споредба, овој процес сега трае околу една година. Компанијата дури тврди дека може да го скрати овој период на “неколку недели” и сака да ја револуционизира целата индустрија. Инвестициите на големите брендови во ИТ секторот, како што се Samsung, Intel и Qualcomm, се само доказ за потенцијалот на технологијата на SiFive.

извор: USB.mk

1

Најчитани вести