Гардијан: Белград и Сараево ГРАДОВИ КОИ МОРА ДА ГИ ПОСЕТИТЕ

19.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гардијан: Белград и Сараево ГРАДОВИ КОИ МОРА ДА ГИ ПОСЕТИТЕ

Познатиот британски дневен весник „Гардијан“ направи листа на европски градови кои мора да се посетат оваа година. Врз основа на критиките и гласовите на британските туристи, Белград е меѓу градовите кои не треба да се пропуштат.

Британскиот весник Гардијан го издвои главниот град на Србија како еден од европските градови што туристите не смеат да го заобиколат. Белград е одличен за истражување на Балканот, се наведува во извештајот. Британските туристи за Белград велат дека тоа е одлична комбинација на шармантни стари и нови делови од градот со модерна архитектура, град во кој се чувствува движечката енергија.

Од останатите градови во регионот, Британците го издвојуваат Сараево, за кое велат дека е неверојатно убаво, гостопримливо и културно богато место. Опкружено со планини од три страни, Сараево е место каде се среќаваат не само различни временски услови. Таму се среќаваат различни култури и религии. Градот подеднакво го прифаќал секое влијание, па тоа се гледа и во архитектурата, во обичаите и во секојдневниот живот на населението.

Меѓу другите градови во Европа кои ги посетуваат британски туристи, се Падова, Болоња и Лука од Италија, како и Мелила од Шпанија. Од Бугарија особено им се допадна Пловдив, како и Велс во Англија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата