Во понеделникот во 15,30 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје во Кавадарци ја лишија од слобода 22-годишната С.Р. од Скопје, осудена на казна затвор во времетраење од пет години во врска со член 418 од Кривичниот законик.
За неа била распишана централна потерница по наредба од Казнено-поправна установа Идризово – Скопје, каде има за доиздржување уште година и пет месеци.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.