Погребот на британската кралица Елизабета Втора и богослужбата што се одржа по тој повод во Вестминстерската опатија, денеска преку телевизија во живо го следеа стотици милиони луѓе, а на многумина од православните земји им падна во очи на еден многу необичен детал.
Камерите кои ја снимија богослужбата во Опатија, покрај достоинствениците кои присуствуваа, ја забележаа и сета убавина и раскош на нејзината внатрешност.
Во еден момент камерата се префрли и над православните икони, на што гледачите се прашуваа од каде вакво иконописување во црква од сосема друга вероисповед.
Тоа е понов потег, поточно од почетокот на 1990-тите. Оттогаш оваа црква е украсена со две икони од рускиот иконописец Сергеј Федоров.
Имено, од левата и десната страна на столбовите се гледаат две големи православни икони на Спасителот и Богородица, кои се таму од 1994 година.