„Макфакс“ – анкета: Ако нема датум за преговори во јуни, оставка за Владата

10.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Макфакс“ – анкета: Ако нема датум за преговори во јуни, оставка за Владата

Во он-лајн анкетата која што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „што доколку земјава не добие датум за преговори со ЕУ во јуни годинава“, најголемиот број од испитаниците, односно речиси половината, се изјасниле дека во тој случај Владата треба да поднесе оставка.

Анкетата беше објавена на 7 мај годинава, на 14 веб страници и траеше 24 часа. Во овој период, гласале 6.508 испитаници.

Речиси 30 отсто од испитаниците се изјасниле дека доколку земјата не добие датум за преговори, треба да се чека. Над 15 отсто од анкетираните велат дека не ги интересира што ќе се случи, додека останатите се изјасниле дека е подобро да нема датум за преговори за членство во ЕУ.

Од вкупно 6.508 анкетирани, според податоците на истражувачкиот центар на „Макфакс“, најголем дел биле мажи на возраст од 35 до 44 години. Над 80 проценти од нив гласале од Македонија, додека останатите од Германија, Австрија, Швајцарија и други држави.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата