(ВИДЕО) Поранешен фудбалер на смртна постела: Дојдете на мојата последна вечер…

10.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ВИДЕО) Поранешен фудбалер на смртна постела: Дојдете на мојата последна вечер…

Фернандо Риксен, поранешниот фудбалер, кој пред шест години играше за Ренџерс е свесен дека ги брои последните денови од својот живот.

Само неколку месеци, откако во 2013 година ја заврши кариерата, Риксен откри дека е смртно болен кога му беше дијагностицирана неизлечива болест, која влијае на неврниот систем и води кон целосна парализа.

Риксен сега е во последната фаза, па од болничкиот кревет сними видео-порака, во која ги повикува навивачите на хуманитарна вечера.

„Поздрав. Имам посебна вечер на 28 јуни. Ми станува многу тешко, тоа ќе биде мојата последна вечер. Дојдете и направете ја вечер за паметење. Се надевам дека ќе се видиме наскоро“, порача 42-годишниот Риксен.

Влезницата за 28 јуни во хотелот изнесува 70 фунти, а неговата видео-порака синоќа ја погледнале повеќе од 300.000 луѓе.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата