Хрватски новинар се прости од Елизабета Втора

“Можеби е англиска кралица, но пред се е српско-хрватска кралица“

10.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Можеби е англиска кралица, но пред се е српско-хрватска кралица“

Новинарот Зоран Шпрајц во свој стил се прости од кралицата Елизабета Втора во емисијата “Стање нације“на RTL.

– Не можеше а да не слушнете и видите дека англиската кралица Елизабета Втора починала. Во жалост не е само Англија, туку и целиот свет, вклучително и Хрватска, а Андреј Пленковиќ е најтажен бидејќи нејзината смрт целосно го засени неговиот енергетски пакет со кој сакаше да се пофали следната недела, вели тој.

-Но, не треба да чуди што кралицата Елизабета е толку популарна кај нас. Овде медиумите пишуваат дека таа всушност е од Осијек, односно нејзиниот прадедо, а ако е прадедото од Осиек, тогаш е и наша кралица. Сепак, српските медиуми алудираат дека таа е всушност Србинка, бидејќи потекнува од семејството Немањиќ, а Немањиќите се Срби – па кралицата е Србинка, чиста како ден, додаде тој.

– Со други зборови, Елизабета Втора можеби навистина е кралица на Англија и на Комонвелтот, но таа е пред се хрватско-српска кралица. Или по српски, српско-хрватска кралица. Во тоа име ќе ја испратиме старата дама на најдобар начин на кој знаеме: со нејзиниот омилен бенд и нејзината омилена песна. Бидејќи Queen is dead, but Punk is not Dead, рече Шпрајц.

Фото: Printscreen RTL /YT/

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата