Зеколи АНАЛИЗИРА: Катастрофа за СДСМ

10.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеколи АНАЛИЗИРА: Катастрофа за СДСМ

Ексамбасадорот и политички аналитичар кој важи за добро информиран набљудувач на политичките процеси со своја анализа на последните чекори на владеачката партија која најавува промена на изборниот систем.

Според Зеколи промената на начинот на кој во иднина би се избирале пратениците која ја најавуваат “провладините невладини” во свои анализи се должи на екстремно лошиот рејтинг на партијата на Заев.

“Читај: стигнаа последните анкети и резултатите се катастрофални за СДСМ.

“Партиски иницијативи за менување на изборниот систем, од кои еден дел соодветствуваат со барањата на ЦИВИЛ”, пишува Зеколи.

Откако СДСМ на претседателските избори заедно со сите албански партии и целата владина коалиција успеа да освои само нешто над 420 илјади гласови на идните избори на Заев му се заканува тотален дебакл поради што се бара начин за ублажување на поразот.

По неколкуте афери како таа со илегалните супстанци кои ги купува нивниот пратеник Богоевски, СДСМ доживеа сериозен удар и со недобивањето на датум за преговори со ЕУ и покрај промената на името.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата