Литванија, Летонија и Естонија постигнаа договор за ограничување на влезот на руски државјани кои пристигнуваат на нивните територии од Русија и Белорусија, соопштија денеска нивните министри за надворешни работи.
Забрана до средината на септември, еве ги исклучоците
Трите балтички држави треба да ја воведат забраната до средината на септември, пренесува Ројтерс. Влезот ќе биде овозможен за оние кои патуваат од хуманитарни или семејни причини, за возачи на камиони и дипломати, рече летонскиот министер Едгарс Ринкевичс.
„Во текот на изминатите неколку недели и месеци, преминувањата на граничните премини на руски државјани со шенген визи драстично се зголемија. Ова стана прашање на јавна безбедност, но и од морална и политичка природа“, додаде тој на прес-конференција во Литванија.
Директните летови меѓу Русија и Европската унија беа откажани по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари, оставајќи им на Русите намалени можности за патување во Унијата.
Насловна фотографија: EPA