ШТО Е СО НОВИВЕ КОЛИ: По Мерко, уште еден градоначалник на ДУИ купува ВИП возило

8.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ШТО Е СО НОВИВЕ КОЛИ: По Мерко, уште еден градоначалник на ДУИ купува ВИП возило

По градоначалникот на Струга Рамиз Мерко уште еден функционер на ДУИ со навредлив потег кон граѓаните кои плаќаат данок, набавува луксузно возило.
Градоначалникот на Студеничани Азем Садику оди чекор понатаму од својот струшки колега и
набавува ВИП возило кое ќе се користи за превоз на многу важни личности.

Вакви возила досега имаше само во возниот парк на Владата како на пример мерцедесот
за кој Груевски беше осуден на 2 години затвор.
Олеснителна околност за Аземи и општината Студеничани кога ќе биде прозван за злоупотреба на службена должност ќе биде тоа што возилото може да биде веќе користено.
Според јавниот повик возилото може да биде произведено најдоцна до 2010 година а се
бара да биде со огромна моќ на моторот од 125 киловати или околу 200 коњски сили.

Зошто и е на општината Студеничани вакво возило што развива брзина од 300 км/час и кои се многу важните личности кои ќе се возат во него не пишува во јавниот повик.
Останатите детали кои се бараат се јасни и прецизни.

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко дури велеше дека требало и поскапо возило да купи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата