Тухел заработи суспензија, Конте мина само со парична казна!

19.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тухел заработи суспензија, Конте мина само со парична казна!

Познати се официјалните казни за Томас Тухел и Антонио Конте, откако и двајцата добија црвени картони за време на дуелот меѓу Челзи и Тотенхем во рамките на Премиер-лигата.

Тухел доби еден меч суспензија и парична казна од 35.000 фунти како иницијатор на инцидентот, додека неговиот колега, Конте мина само со парична казна од 15.000 фунти.

И двајцата тренери ќе имаат право на жалба, што значи дека суспензијата на Тухел ќе биде подоцна одредена, по разгледување на нивните жалби доколку ги има.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата