Шестото засилување на Вест Хем доаѓа од ПСЖ

17.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шестото засилување на Вест Хем доаѓа од ПСЖ

Англискиот Вест Хем се пофали со шестото засилување ова лето, а се работи за централниот бек Тило Керер. Тој потпиша четиригодишен договор со опција да биде продолжен на уште две. Трансферот изнесува 10 милиони фунти.
Керер е дете на Шалке 04, а за првата екипа од Гелзенкирхен дебитира во 2016 година. По три сезони тој се пресели во ПСЖ. За Германија има 20 настапи.
Вест Хем претходно ги донесе Џанлука Скамака, Наџеф Агерд, Макс Корне, Флин Доунс и Алфонсо Ареола.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата