Метеорологот Славчо Попоски вели дека оваа недела ќе имаме претежно стабилно и суво време со голем пораст на температурите.
„Се очекуваат температури насекаде низ Македонија да надминуваат 30 степени, а во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до 40 степени“, вели Попоски.
Попоски додава дека се очекува и висок УВ индекс, па затоа граѓаните да пијат повеќе течности во текот на жешките денови пред нас.