И Тен Хаг кренал раце: Манчестер Ј. може да му го раскине договорот на Роналдо

15.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И Тен Хаг кренал раце: Манчестер Ј. може да му го раскине договорот на Роналдо

Кристијано Роналдо би можел да добие раскин на договорот и тоа на барање на Манчестер Јунајтед. По сите случувања со него ова лето, откако не дојде на подготовките, бараше трансфер, а потоа нов договор кога сите го одбија, Ерик тен Хаг изгледа дека воопшто не смета на него како на фудбалер кој може да го врати Манчестер Ј. на вистински патеки.

Поради сето ова, новиот менаџер мора да „пресече“ за Манчестер Јунајтед да се врати на вистинскиот пат, а еден од начините е да се раздели со Роналдо , макар и „на сила“.

Добро информираниот британски „Скај Спортс“ пренесува дека Манчестер Јунајтед сериозно размислува за раскин на неговиот договор, особено откако лошо се однесуваше на првите два меча од новата сезона и со тоа ја уништи атмосферата во тимот. Најпрвин седна на клупата за резерви во поразот од Брајтон (1:2), потоа го одигра целиот меч против Брентфорд (0:4), а потоа си замина без поздрав со Тен Хаг.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата