Русија ги обвини ЕУ, Полска, Украина и санкциите за намалената испорака на гас

11.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русија ги обвини ЕУ, Полска, Украина и санкциите за намалената испорака на гас

Амбасадата соопшти дека Полска ги запрела испораките преку гасоводот Јамал-Европа, а Украина го намалила транзитот низ нејзината територија, пренесува РИА Новости.  Оттаму додаваат дека „сертификацијата на гасоводот „Северен тек 2“, кој е целосно подготвен за работа и ги има поминато сите потребни технички проверки, од германска страна бил прекинат од политички причини“.

„Гасоводот „Северен тек 1“ работи со 20 отсто од својот капацитет поради шестте турбини на Сименс (пет во функција и една во готовност) на пумпната станица Портоваја, моментално работи само една. На останатите им треба закажаното одржување и поправка или не се во функција.Сименс енерџи е свесна за таа ситуација“, соопштија од амбасадата.

Северен тек 1, главната рута за снабдување со гас од Русија до Европа, работи со ограничувања од средината на јуни и работи со само 20 отсто од речиси 170 милиони кубни метри дневно од крајот на јули.

Руската страна повеќепати нагласи дека испораката е ограничена исклучиво поради санкциите, кои предизвикаа проблеми со одржувањето и поправката на гасните турбини на Сименс. ЕУ, од друга страна, тврди дека Русите манипулираат со испораките како дел од политичките и економските притисоци.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата