„Л’Екип“ има бомба: ПСЖ почна преговори со Маркус Рафшорд!

11.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Л’Екип“ има бомба: ПСЖ почна преговори со Маркус Рафшорд!

Францускиот шампион ПСЖ започнал преговори за трансфер на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, објави денеска авторитетниот весник „Л’Екип“..

ПСЖ го отпиша аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди, откако денеска тренерот Галтие му соопшти дека е слободен да си оди.

Работиме напорно за да ја засилиме оваа позиција. Јас сум во контакт со Луис Кампос, а тој е во контакт со претседателот. Не ме сфаќајте погрешно, постојат одредени граници до кои можеме да одиме“, рече Галтие пред новинарите.

„Л’Екип“ тврди дека францускиот шампион започнал преговори за потенцијалниот потпис на ѕвездата на Манчестер Јунајтед и тоа секако би било вистинска бомба на крајот од преодниот рок. Рашфорд се враќа по многу непријатната повреда поради која пропушти добар дел од минатата сезона, а во Париз се подготвени да му дадат шанса да ја подигне кариерата на повисоко ниво. ПСЖ веќе стапил во контакт со луѓето кои ја водат кариерата на 24-годишниот напаѓач. Преговорите засега се позитивни и лесно може да се случи Рашфорд да го напушти Олд Трафорд до крајот на овој месец.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата