(ФОТО) Фатен со 2,13 промили алкохол, казнети шест возачи на камиони и автобуси, возеле пијани

10.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ФОТО) Фатен со 2,13 промили алкохол, казнети шест возачи на камиони и автобуси, возеле пијани

На територијата на СВР Битола рано утринава, во периодот од 04.30 до 07.00 часот, спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат товарни моторни возила и автобуси под дејство на алкохол, информира МВР.

При контролата санкционирани се шест возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата