ОН: ИД во минатата година значително ја зголеми употребата на беспилотни летала

10.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОН: ИД во минатата година значително ја зголеми употребата на беспилотни летала

Високиот претставник на ОН за борба против тероризмот, Владимир Воронков, рече дека и покрај територијалниот пораз и последователните загуби, ИД останува закана за меѓународниот мир и безбедност.

„Таа група, исто така, значително ја зголеми употребата на беспилотни воздушни системи во текот на изминатата година“, рече Воронков, кој додаде дека ИД успеале да го направат тоа во северен Ирак со прибегнување кон децентрализирана внатрешна структура.

Терористичката група дејствува не само во Ирак и Сирија, туку и во Авганистан, Сомалија и во басенот на езерото Чад, додаде тој.

Се проценува дека 10.000 борци на ИД оперираат долж границата меѓу Ирак и Сирија, а групата се уште контролира имот проценет на 25 до 50 милиони долари. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата