Ц. Звезда со вкупни 7:0 против Пјуник обезбеди плеј-оф во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

9.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ц. Звезда со вкупни 7:0 против Пјуник обезбеди плеј-оф во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Фудбалерите на Црвена Звезда уште еднаш го совладаа тимот на Пјуник во 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите и го потврдија своето место во плеј-оф колото од најсилното европско клупско натпреварување.

По белградските 5:0, „црвено-белите“ вечерва на гостувањето во Ерменија славеа против тамошниот шампион со 2:0 и со вкупен резултат 7:0 зачекорија во последната рунда до групната фаза од натпреварувањето.

Головите за Ц. Звезда вечерва го постигнаа Канга од пенал и Павков во второто полувреме.


 

Пласман во плеј-офот обезбедија и Бодо, Макаби Хаифа и Викторија Плзен. Макаби загуби на гости на Кипар од Аполон со 2:0, но имаше домашна победа од 4:0 која го носи понатаму. Викторија Плзен и вторпат беше подобра од Шериф Т. со 2:1. Бодо претходно одигра 1:1 со Жалгирис и поради домашниот триумф од 5:0 оди во плеј-оф колото.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата