Кевин Спејси треба да им плати 31 милион долари на продуцентите на серијата „Куќа од карти“

05.08.2022
Vesnik.com
Кевин Спејси треба да им плати 31 милион долари на продуцентите на серијата „Куќа од карти“

МРЦ го тужеле Спејси бидејќи со неговото отпуштање изгубиле значителни приходи од серијата, која се занимава со политички интриги во Вашингтон.

Пред пет години, кариерата на Спејси ненадејно беше прекината поради низа обвинувања за сексуална злоупотреба, па продуцентите мораа да направат големи промени во заплетот на шестата сезона на „House of Cards“. Судот уште во 2020 година пресуди во корист на продуцентската куќа, оценувајќи дека однесувањето на Спејси ги прекршило правилата на договорот, на што актерот се жалел, но таа жалба била одбиена.

Спејси е обвинет во Британија за пет дела, кои се случиле помеѓу 2005 и 2013 година – четири точки за сексуален напад со допир и посериозно обвинение за предизвикување лице да изврши сексуално пенетративен чин без согласност. Минатиот месец беше договорено судењето да се одржи на 6 јуни следната година.

Спејси негира дека сексуално вознемирувал некого.

62-годишникот доби Оскар за најдобра машка улога во „Виорот на животот“ и најдобра споредна машка улога во „Доведете ги осомничените“, а го играше бескрупулозниот политичар Френк Андервуд во „House of Cards“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата

;