СЛОВЕНИЈА

НЕРЕАЛНА СЦЕНА: Авион принудно слета на автопат! НЕМА ПОВРЕДЕНИ

5.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НЕРЕАЛНА СЦЕНА: Авион принудно слета на автопат! НЕМА ПОВРЕДЕНИ

Мал авион принудно слетал на автопатот Горење кај Брежје во правец кон Јесенице, наводно поради проблем. Според првичните информации, штета е причинета само на леталото.

Местото е обезбедено до доаѓањето на истражителот за воздушни несреќи, кој е одговорен за справување со вакви настани и го презема, соопштила полициската управа Крањ.

 

 

Сообраќајот е блокиран и се движи по брзата лента. Дошло и до подолг застој.

Службите за итна помош се на терен. Во авионот имало две лица. Според пристигнатите информации и двајцата се неповредени. Местото е обезбедено, напишала полициската управа Крањ. Засега нема дополнителни информации.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата