ИН МЕМОРИАМ

Почина актерот Митко Апостоловски

5.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почина актерот Митко Апостоловски

Почина актерот Митко Апостоловски, објави Народниот театар во Битола(НТБ)  чиј што член беше тој. Имаше 67 години.

„Денеска не напушти доајенот на македонското глумиште, долгогодишниот член на НТБ, актерот со единствен стас и глас Митко С. Апостоловски. Неговата исклучителна харизма со која пленеше од сцената уште долго ќе ја паметиме“, објави Битолски театар.

Неговиот колега Петар Горко преку социјалната мрежа Фејсбук се прости од него.

– Почивај во мир, колега, пријателе, прекрасен човеку. Неизмерна загуба чувствувам. Нека ти е вечен споменот, напиша Горко.

Митко Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски глумци). Работел во Народниот театар во Битола (1973 — 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 — 1995). Во својата богата биографија има запишано бројните улоги во театар, на ТВ и на филм: „Големата вода“, „Трето полувреме“, „Година на мајмунот“ „Јас сум од Титов Велес“, „До балчак“ … се само дел од остварувањата во кои играше.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата