Малолетник повреден од струен напон на оградата од својот двор

05.08.2022
Vesnik.com
Малолетник повреден од струен напон на оградата од својот двор

Малолетник од струшкото село Лабуништа е повреден од електрична енергија при допир на оградата во својот двор, соопштија денеска од СВР Охрид.

Според информацијата, синоќа во 21 часот и 10 минути во полициското одделение Велешта, било пријавено дека во приватна здравствена установа во селото Подгорци, со повреди бил донесен малолетник од селото Лабуништа.

-Полициски службеници извршиле увид и било констатирано дека малолетникот се здобил со повредите во својот двор при допир на ограда до која имало ниско поставени жици од далновод. За настанот, известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Увидот треба да покаже како дошло до пренос на електрична енергија на оградата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата

;