3 хороскопски знаци на кои мажите НЕ МОЖАТ ДА ОДОЛЕАТ

5.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
3 хороскопски знаци на кои мажите НЕ МОЖАТ ДА ОДОЛЕАТ

Лав
Полни со самодоверба и страст, жените во знакот Лав знаат што сакаат и како да го постигнат тоа и секогаш се во центарот на вниманието на спротивниот пол. Тие се шармантни и често ги инспирираат другите. Поради потребата од драма, оние кои го сочинуваат нивниотт живот имаат тенденција да ги стават на пиедестал и тие навистина сакаат да бидат таму.

Силни, грациозни и често со атлетска градба го привлекуваат вниманието на оние околу нив. Сакаат да се разубавуваат, и уживаат во тоа. Може да им се припишат многу таленти. Лесно ќе ги препознаете меѓу многуте.

Шкорпија
Знак кој зрачи со неверојатна енергија е страсната жена Шкорпија. Доколку сака да ве заведе, лесно ќе успее во својот план, а мажите нема ни да забележат дека им го украла срцето. Никој не може да ја спречи во нејзината цел или да одолее на нејзиниот шарм. Овие дами често ги красат добри нозе, широки раменици, впечатливо лице, сензуални усни и продорни очи.

Припадничките на овој знак обично имаат убава и густа коса. Овие жени не сакаат премногу да се разубавуваат, но нивниот исклучителен вкус е многу забележлив. Нивната убавина е секогаш натпросечна, а освен мажите ги обожаваат и децата. Среќен е мажот кого жената Шкорпија искрено го сака.

Стрелец
Смислата за хумор на жената Стрелец и слаткото срце влијаат на мажите повеќе отколку што мислите. Прво, таа ќе заведе маж во зоната на пријателство, а потоа ќе му влезе под кожа. Мажите никогаш нема да ги заборават овие жени бидејќи тие имаат најголемо срце. Дамите под знакот Стрелец се најзгодни. Просечна висина, атлетска градба, овие убавици имаат природен талент да се истакнат.

Често имаат убаво и донекаде издолжено лице, високо чело и изразени светли очи. Сакаат да се облекуваат спортски и едноставно, но кога ќе треба да се претстават во полн сјај, тоа ќе го направат на вистински начин и одмерено. Секогаш оригинални, лесно го крадат вниманието. Кога се забавуваат, лесно ќе ги забележите во толпата убавици, бидејќи нивната убавина и шарм доаѓаат до израз, особено кога се чувствуваат добро.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата