Се ЗАПАЛИ ВОЗ кај Миладиновци!

4.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се ЗАПАЛИ ВОЗ кај Миладиновци!

На Железничката станица Миладиновци вчераутро се запали локомотива. Настанот во СВР Скопје бил пријавен околу 08:42 часот, а според пријавата, пожарот избувнал во локомотива која влечела композиција од два вагона, а сообраќала на релација Табановце – Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени патници и персонал нема. Увид бил извршен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата