Груби: Владата денеска ќе ги проследи до Собранието францускиот предлог и протоколот

7.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Груби: Владата денеска ќе ги проследи до Собранието францускиот предлог и протоколот

Вицепремиерот за политички систем Артан Груби најави дека уште денеска е можно владата да да ги проследи до Собранието францускиот предлог, заедно со билатералниот протокол со Бугарија и другите придружни документи, објави „Слободен печат“.

Груби потврди дека владата нема да одлучува за францускиот предлог, туку само ќе ги проследи до Собранието. Собранието ќе одлучува за францускиот предлог и ќе ја задолжи владата за следните активности во одонос на целиот пакет.

Владата за денеска во 11 часот има закажано затворена седница.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата