Учесници во протестот се обидувале ДА ОТСТРАНАТ ГРУПА МАСКИРАНИ ЛИЦА пред Собрание

7.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Учесници во протестот се обидувале ДА ОТСТРАНАТ ГРУПА МАСКИРАНИ ЛИЦА пред Собрание

За време на собирот пред Собранието регистриран е и настан во кој учесници во протестот се обидувале да отстранат група на маскирани лица, кои предизвикувале инциденти, констатира Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение.

Во извештајот за вчерашниот протест против францускиот предлог, од МВР велат дека тројца полициски службеници се повредени, а пет лица се приведени.

Како што соопшти Министерството, лишени се од слобода уште три лица поради фрлање со тврди предмети кон полициски службеници.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата