86 годишна жена од Бостон го собори рекордот како стјуардеса со најдолг стаж во светот, потврдија Гинисовата книга на рекорди, објавија локалните американски медиуми.
Бет Неш (почна да работи како стјуардеса во 1957 година за Eastern Airlines и продолжи да работи за American Airlines до денес без никаков прекин во вработувањето, Гинис го потврди светскиот рекорд на 1 јули.
Неш рече дека поголемиот дел од својата кариера го поминала на релација Њујорк-Бостон-Вашингтон бидејќи тоа и овозможува да се врати дома ноќе и да се грижи за својот син со хендикеп.
Според Гинис Неш моментално е најстарата стјуардеса во светот.
Прославувајќи ја својата 60-годишнина со компанијата во 2017 година, Неш рече дека бизнисот значително се променил со текот на годините.
„Требаше да бидеш одредена висина, требаше да имаш одредена тежина, ако качиш неколку килограми мора одма да ги симнеш или кратеа од плата “, изјави таа за WJLA-TV.