КРАЈ! Јелена и Душко ОФИЦИЈАЛНО СЕ РАЗВДУВААТ

5.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КРАЈ! Јелена и Душко ОФИЦИЈАЛНО СЕ РАЗВДУВААТ

Пејачката Јелена Карлеуша со официјална изјава откри дека по 14 години брак се разведува од фудбалерот Душко Тошиќ.

Таа се огласи на Инстаграм и ги откри причините кои довеле до нивниот развод.

– Јас и Душко се договоривме споразумно да го прекинеме нашиот брак по 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Техничките правни работи ќе се решаваат со договор во наредниот период – почна Карлеуша во својата објава и додаде:

– Во овој тежок период за нашето семејство и децата, нема да барам разбирање од медиумите бидејќи е залудно. Не очекувам човечност или разбирање од јавноста, само фалење и миење на устата со животот, на што сум навикнат… па навалете.

Како што понатаму изјавила, нивниот заеднички имот бил пренесен на децата, а старателството и било доделено на неа.

– Сум преживеала се, па ќе го преживеам и ова. Животот продолжува. Со цел да се спречат неточни натписи, целиот брачен имот беше пренесен на нашите деца, старателството над нашите деца ми припаѓа мене. Секоја напишана лага ќе резултира со тужба како и досега. Повеќе нема да се огласувам на овој начин – заврши Јелена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата