„Тоа што го говори Ковачевски, не го говори Османи, се нема заеднички став“

30.06.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Тоа што го говори Ковачевски, не го говори Османи, се нема заеднички став“

Отпорот во македонското општество е многу широк и во тој отпор да се внесуваат билатерални проблеми во ЕУ, не се само на една партија туку се пошироки. Гледаме владини партнери реагираа, кредибилни невладини кои работат на евроинтеграции, јавни личности, новинари. Таквиот отпор придонесе во голем дел одговорот на Ковачевски да биде изнуден и да размисли два пати пред било што да каже во Брисел, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за „Заспиј ако можеш“ на Алфа.

Милошоски укажа на биполарност во самата влада,  тоа што го говори Ковачевски, не го говори Османи и веројатно имаат различни мислења и ставови како треба да се постави Македонија.

– Тоа е голем хендикеп за Македонија кога имате исти соговорници од страна на ЕУ, а имате различни пораки во зависност од тоа кој е соговорник од македонската страна, дали е премиерот или министерот за надворешни или е министерот за евроинтеграции. Сметам дека тоа ги нарушува дополнително позициите на државата, бидејќи се забележува дека се нема единствен став, рече Милошоски.

Тој посочи дека затоа покренал иницијатива, која премиерот се обиде да ја релативизира и не е расположен да биде присутен во Собрание на комисиски дебати каде што би ги поканиле луѓето кои од 2017 наваму ги имаат најдеталните информации за македонско бугарските односи во контекст на ЕУ, откако се потпиша договорот за добрососедство.

– Во тој договор најмногу беа вклучени Зоран Заев и Никола Димитров, и денес Ковачевски и Османи.  Гледаме дека преписките помеѓу Димитров и Османи оставаат впечаток дека државната политика има некоординирана позиција во однос на преговорите со Софија и во однос на преговарачката рамка со ЕУ. Тоа ја ослбнува нашата позиција, истакна Милошоски

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата