Рама: БУГАРИЈА Е СРАМ

23.06.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рама: БУГАРИЈА Е СРАМ

Срамота е што членка на НАТО држи во заложништво две други земји на НАТО, ова го изјави албанскиот премиер Еди Рама за БНТ коментираше за тоа што се случува во Бугарија во случајот со евроинтеграциите на Македонија и Албанија.

„Вие сте хаос, целосен хаос. Вие сте срам. Срамота е што членка на НАТО држи во заложништво две други земји на НАТО додека во дворот на Европа беснее жешка војна. И, се разбира, не е пријатно да се видат 26 други земји како демонстрираат застрашувачка беспомошност“, рече тој.

Запрашан дали денеска очекува добри вести, тој рече: „Преферирам да немам очекувања за добри вести, бидејќи како што реков вчера, имаше одреден оптимизам, но еве нè – нов ден во Европа, но не и во Бугарија“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата