Играч на Дерби го откачи Јунајтед – потпишува за Кристал Палас

23.06.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Играч на Дерби го откачи Јунајтед – потпишува за Кристал Палас

Уште еден трансфер удар за Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ се најдоа во лоша ситуација откако останаа без неколку фудбалери, посебно го ослабнаа средниот ред но не им оди донесувањето на нови играчи.
Се поврзуваа со трансфери на Витиња и на Дарвин Нуњез, а првиот заврши во ПСЖ, а вториот во Ливерпул. Потоа се обиделе да го ангажираат Кристијан Ериксен, но Данецот ги одбил. Новиот тренер Тен Хаг сака да го ангажира Френки Де Јонг од Барселона, но засега нема напредок во преговорите меѓу двата клуба.
А сега од Англија пристигнува информација која вели дека и крилниот фудбалер на Дерби Каунти Малколм Ебиовеи нема да ја продолжи кариерата на „Олд Трафорд“ туку во Кристал Палас, клуб со кого си подал рака за соработка до 2027 година. 18-годишниот фудбалер се сели во Палас како слободен играч.

 

 

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата