Зидан: Еден ден ќе бидам селектор на Франција, а можеби и тренер на ПСЖ

23.06.2022
Vesnik.com
Зидан: Еден ден ќе бидам селектор на Франција, а можеби и тренер на ПСЖ

Зинедин Зидан за „Екип“ даде интервју по повод одбележување на 50 години на еден од најдобрите француски фудбалери на сите времиња. Популарниот Зи-зу моментално е без работа, беше поврзуван со клупата на Пари Сен Жермен но ништо од тоа. Со Реал Мадрид освои три европски титули и сега е на „одмор“.

И понатаму имам желба да бидам тренер, а потоа ќе видиме, можеби претседател на клуб или директор на некоја компанија. Веќе основав една компанија која ја водам со мојата фамилија, а за нејзе најмногу се грижат моите браќа Гарид, Нордин, Жаме и сестра ми Лила. Исто така сакам да бидам селектор. Се надевам еден ден ќе дојде и тој момент. Не зависи од мене кога ќе се случи тоа, меѓутоа, со Франција сакам да поминам комплетен циклус. Тоа го почувствував како играч и е најубава работа која ми се случило. Тоа е врвот на фудбалот. Затоа сакам да го почувствувам и како селектор. Не знам дали после мандатот на Дешамп, но ако сака да биде – ќе биде. Реков дека сакам да бидам селектор на Франција и стојам зад тие зборови. Моментално селекцијата е на место, со јасно поставени цели. И повторувам тоа не зависи од мене“, изјави Зидан.

А за местото тренер на ПСЖ: „Никогаш не вели никогаш. Посебно ако сте тренер. Можеби еден ден ќе го тренирам ПСЖ. Додека играв фудбал имав многу опции, но како тренер не е баш дека постојат 50 кипи кои можам да ги тренирам. Има само две или три“.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата

;