„Денеска не е добар ден – БУГАРИЈА БЛОКИРА ДВЕ ЗЕМЈИ“

23.06.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Денеска не е добар ден – БУГАРИЈА БЛОКИРА ДВЕ ЗЕМЈИ“

Овој случај уште еднаш покажува дека проблемот е во консензусот во одлучувањето. Не можеме да продолжиме затоа што една земја блокира. Денеска не е добар ден, бидејќи требаше да го започнеме пристапниот процес за две земји, но не можеме, бидејќи една земјата го блокира целиот процес. Треба да ги разгледаме нашите методи на работа, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во врска со блокирањето на Бугарија.

Според него, сепак, има една добра вест, а тоа е напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина за енергетиката.

„Тоа е многу важен чекор напред и ќе продолжиме да работиме понатаму. Можно е до крајот на месецот да имаме средба на највисоко ниво“, кажал тој.

Истакнал дека ЕУ мора да направи се за да го направи Западен Балкан дел од својот свет.

Тој изјавил дека тоа ќе се направи со покана на земјите од регионот да учествуваат на состаноците на министрите за надворешни работи на ЕУ и на други собири.

„Мораме да продолжиме да го спречуваме гаснењето на европскиот пламен на Западен Балкан“, изјавил Борел.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата