Нехамер: Условите за пристапување на Украина мора да важат и за земјите од Западен Балкан

23.06.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нехамер: Условите за пристапување на Украина мора да важат и за земјите од Западен Балкан

Обраќајќи им се на пратениците во австрискиот парламент, тој најави дека Австрија ќе се залага за тоа на ниво на ЕУ.

Нехамер и министерката за европски прашања Каролина Едштадлер истакнаа дека статусот на кандидат за Украина не може да се поистоветува со преговорите за членство во ЕУ.

Нехамер рече дека со давање статус на кандидат на Украина и на Молдавија, во ЕУ се воведува нова процедура, во која статусот на кандидат е добиен уште пред исполнувањето на критериумите на Унијата. „Ова мора да важи и за другите земји кандидати од Западен Балкан, особено за БиХ“, рече тој.

Нехамер изјави дека се неопходни „јасни сигнали“ за Македонија и Албанија. Нехамер рече дека поради историската поврзаност и големата дијаспора, Австрија има посебна одговорност за Западен Балкан. „Не е разбирливо што на БиХ не и е даден кандидатски статус“, рече Едштадлер.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата