Анкета: Во САД се намалува рејтингот на Бајден

23.06.2022
Vesnik.com
Анкета: Во САД се намалува рејтингот на Бајден

Анкетата покажува дека 73 отсто од демократите го поддржуваат Бајден, што е за еден отсто помалку од минатата недела. Во август минатата година Бајден беше поддржан од 85 проценти од демократите.

Кај републиканците рејтингот на Бајден се намали од 11 на седум отсто.

Според истражувањето, само 18 отсто од Американците веруваат дека нивната земја се движи во вистинската насока.

Триесет и четири проценти од Американците истакнале дека економијата е најважното прашање за граѓаните на САД, а Бајден се соочува со највисока инфлација во изминатите 40 години.

Рејтингот на Бајден се приближува до најниското ниво на неговиот претходник Доналд Трамп, кој во декември 2017 година имаше поддршка од 33 отсто од испитаниците.

Од август 2021 година рејтингот на Бајден не е повисок од 50 отсто, што е предупредување дека неговата Демократска партија би можела да ја загуби контролата врз најмалку еден Дом на американскиот Конгрес на средината на претседателските избори што ќе се одржат на 8 ноември годинава.

Анкетата на Ројтерс и Ипсос, беше спроведено онлајн при што беа испитани 1.002 возрасни Американци, меѓу кои 435 демократи и 379 републиканци.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата

;