Пет лица повредени во напад со нож во Оукленд, на Нов Зеланд

23.06.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пет лица повредени во напад со нож во Оукленд, на Нов Зеланд

Британските медиуми го цитираат претставникот на локалната полиција кој изјавил изјави дека нападот во Оукленд траел помалку од 10 минути, бил изведен без посебна цел, а дека осомничениот сега е во притвор.

Оттаму соопштија дека нема индиции дека се работи за кривично дело од омраза, бидејќи жртвите биле од различен пол, националност и возраст, а полицијата се пофали  дека брзо реагирала, го уапсила сторителот и спречила поголем број жртви.

Се наведува и дека сите ранети се со умерени повреди.

Случајни минувачи кои случајно се нашле на местото на инцидентот го следеле осомничениот и го опколиле по почетокот на нападот, а еден од нив го соборил со помош на патерици за одење, соопшти полицијата.

Прецизирано е дека мажот носел голем нож и дека имал умерени повреди при апсењето, како и дека поради тоа бил хоспитализиран.

На Нов Зеланд минатата година имаше два поголеми насилни напади со нож во супермаркети, а еден е наведен како терористички чин, додека истрагата не го утврди мотивот за вториот напад, пренесуваат британските медиуми. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата