Бугарските барања СТАНАА ДЕЛ ОД ПРЕГОВАРАЧКИОТ ПРОЦЕС, потврди Вархеји

23.06.2022
Vesnik.com
Бугарските барања СТАНАА ДЕЛ ОД ПРЕГОВАРАЧКИОТ ПРОЦЕС, потврди Вархеји

Бугарските барања станаа дел од преговарачката рамка, ова на Твитер го потврди  еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји.

Вархеји напиша дека ЕУ сериозно ги сфаќа бугарските барања и тие се дел од преговарачкиот процес.

„ЕУ многу сериозно ги сфаќа сите бугарски барања и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Сега е моментот за одговорни одлуки. Западен Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија. Заедно ќе бидеме посилни“, напиша тој на Твитер.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата

;