Активисти на бугарската партија ВМРО,протестираа пред домот на Борисов

23.06.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Активисти на бугарската партија ВМРО,протестираа пред домот на Борисов

Активисти на бугарската партија ВМРО предводени од европратеникот Ангел Џамбаски синоќа се собраа на протест пред домот на поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ,

 Бојко Борисов, за да го искажат револтот зошто тој го поддржа францускиот предлог за решавање на спорот и почеток на преговорите на ЕУ со  Македонија, јави БНТ.

Демонстрантите од доскорешниот коалициски партнер на Борисов, пред неговиот дом носеа транспарент „Не ја предавајте Македонија“ и скандираа: „и порано и сега, Македонија е бугарска“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата