Томовски: Предлогот од Париз владата го прифаќа, а ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа, ајде на избори, народот нека одлучи

22.06.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Томовски: Предлогот од Париз владата го прифаќа, а ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа, ајде на избори, народот нека одлучи

Предлогот од Париз владата го прифаќа, а ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа, ајде на избори, народот нека одлучи, истакна Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

-Дипломати во земјава и поранешни високи владини функционери потврдуваат дека владата на Ковачевски дала пас за предлогот од Париз.
Предлогот за ставање на бугарските барања во рамките на преговорите со ЕУ е одобрен од Ковачевски и Османи, и тој мора да поминал низ каналите на комуникација помеѓу МНР и Француската Република.
ВМРО-ДПМНЕ не калкулира со македонските национални интереси, како што тоа го прави СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ го отфрла предлогот од Париз и смета дека тој води само кон асимилација на Македонците и бугаризација на државата. Предлогот не почива на европските вредности, туку на правилото на посилниот, вели Томовски и додава:
„Ковачевски кој дал дозвола за предлогот да биде пуштен во јавноста, треба да собере храброст и да го признае тоа пред јавноста. Ниту еден наш партнер нема да прави никаков чекор, без притоа за тоа да добие усогласеност на ставовите помеѓу двете страни.
Ковачевски е виновен што воопшто го прифатил овој предлог. И со тоа направил голема штета.
Но еве, доколку Ковачевски смета дека предлогот е добар, тогаш ајде на избори. Тој со ставот дека предлогот од Париз е добар и дека според него треба да се реши проблемот со Бугарија, а ВМРО-ДПМНЕ со ставот дека предлогот е штетен за нацијата и државата и дека треба веднаш да биде отфрлен. Па народот нека избере“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата