„Францускиот предлог ВЛАДАТА ГО ПРИФАЌА, ВМРО-ДПМНЕ НЕ ГО ПРИФАЌА“

22.06.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Францускиот предлог ВЛАДАТА ГО ПРИФАЌА, ВМРО-ДПМНЕ НЕ ГО ПРИФАЌА“

Предлогот од Париз владата го прифаќа, а ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа, ајде на избори, народот нека одлучи. Дипломати во земјава и поранешни високи владини функционери потврдуваат дека владата на Ковачевски дала пас за предлогот од Париз, изјави Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека предлогот за ставање на бугарските барања во рамките на преговорите со ЕУ е одобрен од Ковачевски и Османи, и тој мора да поминал низ каналите на комуникација помеѓу МНР и Француската Република.

– ВМРО-ДПМНЕ не калкулира со македонските национални интереси, како што тоа го прави СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ го отфрла предлогот од Париз и смета дека тој води само кон асимилација на Македонците и бугаризација на државата. Предлогот не почива на европските вредности, туку на правилото на посилниот, рече Томовски.

Според него  Ковачевски кој дал дозвола за предлогот да биде пуштен во јавноста, треба да собере храброст и да го признае тоа пред јавноста.

-Ниту еден наш партнер нема да прави никаков чекор, без притоа за тоа да добие усогласеност на ставовите помеѓу двете страни. Ковачевски е виновен што воопшто го прифатил овој предлог. И со тоа направил голема штета. Но еве, доколку Ковачевски смета дека предлогот е добар, тогаш ајде на избори, изјави Томовски.

Тој нагласи дека Тој со ставот дека предлогот од Париз е добар и дека според него треба да се реши проблемот со Бугарија, а ВМРО-ДПМНЕ со ставот дека предлогот е штетен за нацијата и државата и дека треба веднаш да биде отфрлен. Па народот нека избере.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата