Утре ССМ го почнува ГЕНЕРАЛНИОТ ШТРАЈК во јавниот сектор – Ќе се блокираат улици

21.06.2022
Vesnik.com
Утре ССМ го почнува ГЕНЕРАЛНИОТ ШТРАЈК во јавниот сектор – Ќе се блокираат улици

Од утре почнува генералниот штрајк на вработените во јавниот сектор.

„Ве информираме дека Сојузот на синдикатите на Македонија на 22.06.2022 година започнува генерален штрајк во јавниот сектор, со присуство на работниците на своите работни места со прекин на работниот процес во работно време со минимум од процесот на работа за овозможување обновување на работата по завршување на штрајкот (производно одржувачки работи), односно со цел за вршење на работите кои се неопходно потребни заради спречување на загрозување на животот, личната сигурност или здравјето на граѓаните (нужни работи) и тоа: • за извршување на административно технички работи со расположлив капацитет од 10 отсто од вработените во јавен сектор • заради спречување на загрозување на животот со 10 отсто од вработените во јавниот сектор и кои ракуваат со механизацијата и основните средства • заради спречување на загрозување на личната сигурност со 10 отсто од вработените во јавниот сектор и кои ракуваат со механизацијата и основните средства • заради спречување на загрозување на здравјето на граѓаните со 10 отсто од вработените во јавниот сектор и кои ракуваат со основни средства • минимум непречено извршување на функциите за да не се попречуваат итните постапки“, се вели во соопштението од Синдикатот.

Истовремено, согласно предвидената динамика за утврдување на други форми на синдикален притисок и работничко незадоволство, Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ утврди дека утре пред Собранието на Република Северна Македонија на Булевар 11 Октомври претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија ќе бидат на булеварот и на него ќе бидат поставени 120 столчиња за пратениците во период од 10 до 14 часот и со тоа ќе биде прекинат сообраќајот на коловозните ленти. Подготовките за поставување на столчињата ќе започнат во 09 часот истиот ден.

На 23.06.2022 година пред Владата на Република Северна Македонија на Булевар Илинден број 2 претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија ќе бидат на булеварот и на истиот ќе бидат поставени 21 столче за членовите на Владата во период од 10 до 14 часот и со тоа ќе биде прекинат сообраќајот на коловозните ленти. Подготовките за поставување на столчињата ќе започнат во 09 часот истиот ден. 

„На 24.06.2022 година пред Министерството за финансии на Даме Груев бр.12 претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија ќе бидат на улицата и на плочникот пред Министерството и ќе упатат пораки до Министерот од 10 до 14 часот“, се вели во соопштението од ССМ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата

;