Финскиот претседател дека ќе се реши спорот со Турција пред самитот на НАТО

21.06.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Финскиот претседател дека ќе се реши спорот со Турција пред самитот на НАТО

Говорејќи на прес-конференцијата со претседателката на парламентот на ЕУ, Роберта Мецола, Ниинисто рече дека е постигнат напредок и од двете земји кои преговараат, дури и ако Турција не ја промени својата позиција.

Шведска и Финска кон средината на мај аплицираа за членство во воената алијанса. Турција во моментов е единствената членка на НАТО која го блокира почетокот на процесот на пристапување на двете земји. Анкара ја оправдува својата позиција велејќи дека Финска и Шведска поддржуваат „терористички организации“ како што е забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК).

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата