ТЕШКО ПОВРЕДЕНА пациентка од Психијатриска болница Демир Хисар – ИСПАДНАЛА од возило во движење

21.06.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТЕШКО ПОВРЕДЕНА пациентка од Психијатриска болница Демир Хисар – ИСПАДНАЛА од возило во движење

Доцна синоќа, односно во 00:05 часот во СВР Битола било пријавено дека на патен правец Демир Хисар – Битола, во близина на крстосница за с.Кутретино, 43-годишна пациентка на ЈЗУ  Психијатриска болница Демир Хисар испаднала од патничко моторно возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на болницата, кое го управувал И.Д.(34) од Демир Хисар, а сопатник била медицинска сестра во установата.

Притоа, пациентката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Демир Хисар.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата