Петицијата потпишана од повеќе од 119.000 луѓе на интернет бара да се повлече филмот, кој е опишан како „несоодветен“ и „расистички“. Гардијан пишува дека муслиманите протестирале пред салите на Cineworld во неколку градови, сметајќи дека филмот е „навредлив“.
„Поради неодамнешните инциденти по прикажувањето на „Рајската Дама“, решивме да ги откажеме понатамошните проекции на филмот на национално ниво за да ја осигураме безбедноста на нашите тимови и гледачи“, рече портпаролот на групацијата, која има најголемо присуство во Британија и Соединетите Американски Држави.
Овој драматичен британски филм на режисерот Ели Кинг, кој почна да се прикажува во Британија во петокот, е првиот што ја раскажува приказната за Фатима Захра, ќерката на Мухамед и сопруга на Али, првиот шиитски имам.
Одговарајќи на прашање на „Гардијан“, неговиот извршен продуцент Малик Шлибак рече дека кината треба „да го бранат своето право да прикажуваат филмови што луѓето сакаат да ги гледаат“ и да не подлегнуваат на „притисок“.